Станете дел од револуцијата наречена дигитални медиуми: Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ со нова студиска програма за комуникација и дигитални медиуми
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ лансира целосно нова студиска програма за комуникација и дигитални медиуми, наменета за студенти кои сакаат да ги развијат вештините и знаењата потребни за да успеат во брзо менувачкиот свет на дигиталните медиуми и да ја претворат својата страст во просперитетна кариера. Програмата е создадена за да соодветствува на брзото менување на пејзажот на дигиталните медиуми и овозможување на вештини и знаења кои се потребни за напредок во оваа актуелна област.
Со оваа додипломска програма, студентите ќе имаат можност да стекнат практично искуство со употреба на врвни алатки и технологии за дигитални медиуми, да научат како да креираат атрактивна содржина, да управуваат со дигитални кампањи и создаваат ефективни стратегии за дигитална комуникација. Истовремено, ќе имаат шанса да ги проучуваат теоретските основи на комуникацијата и дигиталните медиуми, учејќи за теми како што се етика на медиумите, анализа на публиката и медиумско право.
Програмата за комуникација и дигитални медиуми на Универзитетот Јорк е интердисциплинарна и се базира на експертиза од широк спектар области, вклучувајќи комуникација, медиумски студии, маркетинг и дизајн. Овој уникатен пристап им овозможува на студентите да добијат сеопфатно едуцирање кое ќе ги подготви за успех во различни кариери во дигиталниот медиумски простор. Студентите во оваа програма ќе имаат можност да работат со професори кои се експерти во своите области и на проекти од реалниот свет, да реализираат контакт со професионалци од индустријата и изградат мрежа на контакти што ќе им служи во нивните идни кариери.
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ е посветен на обезбедување динамични, иновативни програми за своите студенти кои ќе ги подготват за успех во дигиталната ера.
Уписите за програмата се веќе отворени, а за повеќе информации за условите за апликација посетете го следниот линк.
ПР објава