Стареењето мора да се запре: Брена и на 63 години ќе оди на естетска корекција, сака да изгледа вака
Лепа Брена овојпат ќе прави естетска корекција...
Иако зачекори во седмата деценија, Лепа Брена изгледа многу помладо, што меѓу другото се должи и на врвните стручњаци во естетската медицина.
За музичката ѕвезда претходно многу се пишуваше за одењето „под нож“, а сега се појавија информации за новата естетска корекција на Лепа Брена.
Имено, естетската корекција на Лепа Брена во неколку наврати беше фејслифтинг на кој таа реши повторно да се подложи.
Како што пишува порталот „Република“, Брена присуствувала на консултација во приватна клиника каде разговарала со лекар кој веќе неколку пати и правел интервенции.
-Брена прави речиси сѐ кај тој доктор, секако има тим од луѓе кои се грижат за нејзиниот изглед, но тој еден доктор најмногу и одговара.
Сега Брена решила уште малку да се затегне, па отишла на консултација да види какви се шансите и колкава кожа може да се отстрани од лицето за да добие добар ефект.
Докторот и рекол на Брена дека е можно да го добие резултатот што го бара, но дека најдобро е се да се направи кон крајот на летото, поточно наесен, кога температурите се пониски, а закрепнувањето е многу подобро одколку во текот на летните месеци.
Инаку, кога за последен пат го освежи лицето, Лепа Брена ги среди и рацете, што исто така се прави хируршки со една метода.
- Брена веќе неколку пати правела фејслифтинг, но како што старее, планира повторно да се освежи.
Вели дека не ѝ се допаѓа како нејзиното лице се опуштило, а бидејќи секаде во светот е тренд да се прави операција на кожата на рацете, планира да направи две интервенции истовремено.
Разговарала со докторот кај кој претходно отишла на интервенции, а тој и објаснил дека е можно да се направат и двата зафати истовремено, но дека закрепнувањето е подолго.
Фото: Инстаграм/ Зоран Мандиќ -ATAImagesИзвор: Gloria.rs