Ставање запршка и таму кај што не треба: Како беа облечени ѕвездите на MAC?
Белград по втор пат беше градот каде што се одржа доделувањето на балканските музички награди - MAC (Music Awards Ceremony). Се обединија музичари и изведувачи од сите страни на поранешните ју-републики, големи ѕвезди, инстант пејачи, млади и стари музички сили... Церемонијата имаше и црвен килим на кој сите прошетаа и се фотографираа пред огромниот број фотографи. Скоро приближно како доделувањето на „Оскарите“ или на музичките награди „Греми“. Приближно? Балкански синдром на мешање запршка и ставање и таму кај што не треба. Без точно определена доза.. Да, секако дека имаше гламур, но тој беше претежно во балкански рамки, во кој отсекогаш владееле други „модни правила“, нешто наше, нешто од запад, зависи кој како тоа го „спакувал“ вешто или лошо.
Нивото на модната софистицираност го донесе Лепа Брена, со неколку тоалети, сите во знакот на врвна елеганција својствена за дама од нејзини размери.
Калиопи за настапот брилjираше во црна креација во која се виде токму таа, со целиот нејзин раскош, гласот, габаритот, нејзината музичка големина.
Нина Бадриќ беше отмена, непристрасна, никако пренападна, тамам.
Јелена Карлеуша и во двете креации изгледаше светски како и секогаш...
А, сите овие дами се едни од најдобрите со години и музички и силски. Тие знаат точно што и како треба!
Тамара Тодевска која беше една од водителките се појави во три креации. Неонски бои, црни мешавини, старо злато... Скроено само за неа, но можеби недоволно атрактивно.
Тијана пак, беше во нејзин препознатлив стил и одлично парираше со шарените костими.
Затоа пак, Наташа Беквалац изненади со футуристички дизајн - предимензионирана блуза, кратка, слатка, секси, ама како да пропадна во креацијата.
Александра Радовиќ претерано непотребно сакаше да доминира со тоалета исто како и Луна Џогани, а Јелена Розга презгодна, но лош избор на фустан, премногу акценти на едно место..
Со својот стил некако ненаметливо, ама oскаровски слично, изненади поранешната мис на Хрватска и сопруга на Тарик Филиповиќ- Лејла, која дојде во креација со 3Д свилени цветови.
Н.Т.