СТЕ ДОЖИВЕАЛЕ НЕУСПЕХ: Справете се со него
Доколку ви се случи неуспех на работното место, веројатно ќе си речете дека секако не ја сакате таа работа и ќе се повлечете или ќе земете неколку дена од годишниот одмор.
Неуспехот може да биде голем животен учител, но само доколку личноста е подготвена да ја научи лекцијата.
Секој неуспех е проследен со бура од емоции, меѓу кои владеат срамот, анксиозноста, бесот и тагата. Тие можат да бидат доста непријатни и луѓето сакаат да ги избегнат. Но, токму тие емоции се дел од вас и нема потреба да се обидувате да ги „згаснете“.
Доколку сте од оние кои при стрес почнуваат да пушат цигари или да јадат брза храна, направете една листа на активности со кои ќе ги замените штетните навики и секако, држете се до неа.
Неуспехот е составен дел од животот, а стравот од него може да ве спречи да се впуштите во многу уживања, само поради ризикот и таму да „паднете“.
Луѓето почесто се саботираат кога се уверени дека една грешка прави од нив целосно животно промашување.
Постојат многу познати личности кои не успеале во една област, но станале исклучителни во друга. Секој животен пат е проследен со многу успеси и неуспеси и со истите е неопходно достојно да се соочуваме.