Стела ме научи дека љубовта не трпи план Б: Интервју со Дејан Лилиќ

Добивај вести на Viber

После подолго време во Македонија се реализираше семеен детски филм. „Стела“ е во продукција на македонската продукциска куќа Дрим фектори, а во соработка со продукцијата Мона од Германија и Акција Продукција од Србија,  и поддржан од Агенција за филм Филмски фонд на Баден Вуртемберг од Штутгард, Германија. Еден од главните ликови во филмот го толкува актерот Дејан Лилиќ, познат на македонската јавност по повеќе актерски остварувања и дома и во светот. Очекувајќи ја премиерата, со Лилиќ зборувавме за неговата улога во филмот, за тоа колку е инспиративно да се сработи макар и еден ваков проект годишно, проект кој на актерот му помага да се нахрани со позитивно чувство и убавина, место, како што вели Лилиќ, човек да чмае во исфрустрирана околина и да се прашува зошто е овде.

Кој е Александар, ликот што го глумите во филмот „Стела“?

Лилиќ: Александар е татко кој своето време го има подарено. Борбата со брачна другарка, која од лични кариеристички причини станала сурова и ладна, ја води на два фронта - едниот за себе, за својата иднина и своето достоинство, а вториот за својот син единец, кој никако не треба да го почувствува проблемот во семејството. Според Александар, од семејството не можеш ништо да скриеш, најмалку чувствата и недостатокот на радост и љубов. А токму тоа се проблемите од кои самиот Александар избегал - недостаток на топлина, поддршка, на татко, цврста рака која ќе се најде кога си нејак.

И што порачува тој? Какви родители треба да бидеме?

Лилиќ: Тоа е вечно прашање на кое веројатно никогаш нема да добиеме најпрецизен одговор. Одговорот зависи од времето во кое живееме, од моменталните проблеми на општеството, географската положба, а особено каков ген носиме со генерации... Низ улогата сфатив дека родителството значи, меѓу другото, дека треба да си згазнеш на егото, на своето битие и личните потреби, дека твоето време не е веќе само твое, поделено е помеѓу тебе и другите. И тоа е убаво, зашто она што го добиваш за твојата жртва е навистина непроценливо.


Целото интервју прочитајте го на Фактор.мк