Стил на денот: Ана Ивановиќ во фустан и чанта кои ќе ја одбележат сезонава
Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ е позната по својот исклучителен стил, кој секогаш е во согласност со најновите трендови, но и одмерен и со правилен баланс кога станува збор за нагласување на фигурата.
Популарната спортистка ги воодушевува своите следбеници на Инстаграм од ден на ден, особено женскиот дел, со своите модни избори.
Овојпат таа изгледа како вистинска стилска икона во парчињата кои ќе ја одбележат сезонава.
Да почнеме со чантата која е веќе хит и се наоѓа во сите можни бои, бојата на фустанот која ја одбрала Ана - портокаловата боја е една од водечките кои ќе го одбележат летото, а самиот фустан е беспрекорен.
Од неговиот крој до отворениот шлиц - полн погодок.
Самиот фустан е едноставен и може да се комбинира и полежерно, но вака искомбиниран зрачи од елеганција.
Сандалите се многу елегантни и нежни, а сепак удобни, се работи за сандали со дискретна полна платформа.
Може да ве интересира:
Не, благодарам, среќно сум заљубен - ѝ рекол Швајнштајгер на Ана Ивановиќ: Вака започна нивната љубовна бајка
Две грации: Ана Ивановиќ сподели прекрасна фотографија со својата мајка