Стил на денот: Кејт Мидлтон во Барби одело што ја истакнува фигурата и го стеснува струкот

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Никогаш поженствено и поелегантно издание на принцезата од Велс

Кејт Мидлтон е секогаш инспирација со нејзините модни стајлинзи и префинет избор на парчиња. Таа пред неколку дена не воодушеви со розова кошула-фустан во која се појави на Цветното шоу на Челзи и токму кога помисливме дека сме го виделе нејзиното најубаво издание во розова нијанса, таа не демантираше.

Фото: Profimedia


Кејт вчера  се појави во музејот „Фаундлинг“, што ја отсликува важноста на историјата на истоимената болница, која во средината на 18 век почнала да се грижи за деца без соодветна родителска грижа.

А со својот стајлинг покажа дека и таа е дел од популарниот тренд „Barbiecore“ кој го зарази целиот свет.

Имено Кејт се појави во елегантен, рециклиран розов костум од Александар Меквин.

Сакото имаше џебови од страна, а панталоните на работ ја следеа линијата на телото и ја истакнаа совршената фигура на принцезата. Костимот го искомбинира со кошула во истата нијанса која имал „V-деколте“.

Фото: Profimedia


Совршен детал беше белиот ремен со тока од мониста од Камил Елфик, кој го усогласи со бели салонки со шпиц на Џанвито Роси.

Шминката на Кејт го следеше стајлингот и беше во розова нијанса, а косата како и обично ја обликуваше во меки нежни бранови.

Извор: www.sd.rs