Стил на денот: Пенелопе Круз докажа дека едноставноста е клуч за добар изглед, тајната е во деталите
фото:профимедиа
Нејзиниот стил е секогаш толку лежерен, никогаш комплициран, но нејзината убавина и харизма секогаш се во преден план.
Пенелопе Круз пристигна на фестивалот во Сан Себастијан каде уште еднаш ги воодушеви обожавателите со својот стил и изглед.
фото:профимедиа
Не е точно дека ѕвездите мора да се дотеруваат за секоја пригода за да остават впечаток со некоја необична креација. Таа е олицетворение на тоа како сè што треба да направите е да облечете панталони и кошула, да ја средите косата и само да понесете насмевка.
Пенелопе Круз на престижниот филмски фестивал се појави во едноставна црна кошула и панталони со интересен принт. Бидејќи целата комбинација е темна, дополнителен сјај постигна со златни додатоци. Таа носеше високи потпетици и со насмевка ги поздрави сите присутни.
Како ви се допаѓа ова издание на убавата актерка?
фото:профимедиа
Извор:стил.курир.рс