Стил на денот: Првата дама Елизабета отмена на погреб во Лондон

Како што и беше најавено од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, тој заедно со сопругата денеска ќе присуствува на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Лондон.

Токму на вчерашното пристигнување нашата прва дама Елизабета изгледаше одлично, со нејзиниот одличен стил кој може да стои рамо до рамо со војвотките од кралското семејство.

Црн едноставен фустан и нежен накит, како и шапка која е задолжителен додаток- одличен избор и според протокол за пригодата.