Стил на денот: Слобода Миќаловиќ и Војин Четковиќ се совршен модерен пар на црвениот тепих
фото: BORISLAV ZDRINJA/ZIPA PHOTO/ATAIMAGES
Елеганција и многу, многу насмевки.
Не ја гледаме актерската двојка заедно често во јавноста, но секој пат кога ќе се појави ни го одзема здивот.
Миленикот на жените, Војин Четковиќ и една од најубавите Србинки, Слобода Миќаловиќ, се меѓу најпопуларните актери и познати парови на регионалната актерска сцена.
Сепак, бидејќи тие се држат до својата приватност, двајцата не ги гледаме често на градски настани, па обожавателите на славната двојка се радуваат кога и да ги видат заедно. Така беше и синоќа, кога Слобода и Војин прошетаа по црвениот тепих на фестивалот во Бања Лука.
За оваа пригода, актерката избра ефикасен црн миди фустан со умерен V-израз украсен со тантела, додека нејзиниот сопруг и колега носеше темни фармерки и елегантна црна кошула.
фото: BORISLAV ZDRINJA/ZIPA PHOTO/ATAIMAGESИ двајцата зрачеа со одлично расположение и не ги симнуваа насмевките додека им позираа на насобраните фоторепортери.
извор:glossyПоврзани вести:
(ФОТО) Парче од рајот: Оазата на мир и љубов на Војин Ќетковиќ и Слобода Миќаловиќ
Слобода Миќаловиќ е прогласена за најубава природна актерка во светот: Дури и Моника Белучи ѝ оддаде признание
Војин Четковиќ прв пат проговори за ќерките: Славата е немилосрдна, никој не се грижи што ќе остави трага врз моите деца