Стил // Стил на месецот
Стил на месецот: Агнеса Органџиева во фустан од 1850 денари
Агнеса Органџиева е мајка на две ќерки, таа е дипломиран правник, вработена во Акционерското друштво за стопанисување од значење за Републиката.
Беспрекорно се грижи за својот изглед и е елегантна, префинета, таа едноставно е пример како треба да изгледа една вистинска дама. Неодамна пред огледалото на Женски магазин ги откри и своите тајни ритуали за убавина, а овојпат ја имаме како модна инспирација за месец декември.
Станува збор за елегантен фустан во тиркизна боја, со исечок кај деколтето и интересен брош на едното рамо, како и асиметричен шлиц.
Истиот може да биде скроен по мерка, и се продава во различни бои по цена од 1850 денари.