Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Црна беретка по примерот на Слаѓа Алегро
Кога станува збор за модата, не е лошо повремено да се повикувате на советите кои ги даваат познатите модни икони
Познатата српска пејачка Слаѓа Алегро често има настапи, па се труди за секој од нив да избере модерни и тренди комбинации, но супер изгледа и кога не е на професионална должност.
Неколку пати со ред можеме да забележиме дека носи беретка во црна боја, а сите кои ги следат модните трендови знаат дека убавата пејачка прави одличен избор.
Имено, Слаѓа своите едноставни, но моќни и модерни комбинации ги носи на едно ново модно ниво со овој моден додаток.