Стил на неделата: Кралицата Максима во неодолив фустан кој треба да го има секоја жена 50+ години

Добивај вести на Viber

Кралицата Максима носеше фустан кој треба да го има секоја жена над 50 години, совршено ја истакнува фигурата, крие недостатоци и прави да изгледате помлади

Холандската кралица Максима при нејзината кралска посета на Грција привлече внимание со својот стајлинг, а не е ни чудо зошто важи за една од најстилските дами во светот.

Фустанот што го избра кралицата паѓаше нежно, следејќи ја нејзината фигура, додека ременот ја истакнуваше половината. Лелеавиот, портокалов фустан со својата боја направи кралицата да изгледа помладо.

Монотонијата ја разби белата боја со која беше ишаран фустанот, а со неа одлично прилегнаа салонките во иста боја. Бисерните обетки, прстенот и брошот ја подигнаа целата комбинација на повисоко ниво.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Maxima (@queenmaxima_fashion)


Овој фустан е идеален избор за секоја пригода, додека модните додатоци како накитот и фасцинаторот со кој Максима ја комплетираше комбинацијата ќе направат да изгледате празнично и елегантно.

Кралицата Максима зачекори во 6-та деценија од животот, додека изборот на фустан ја направи да изгледа многу помладо и да ги сокрие сите недостатоци.

Извор: stil.kurir.rs