Стил на неделата: Најпопуларната чанта ова лето која чини 3500 евра, но дали навистина вреди за парите?
Чанта по која полудеа познатите дами! Огромна црна, шиена чанта, со голем дизајнерски знак стана апсолутен хит ова лето!
Имено, станува збор за чанта дизајнирана од Ентони Векарело за познатата модна куќа „Ив Сен Лоран“ (YSL). Цената на оваа чанта, како што е наведено на нивната веб-страница, е 3500 евра.
Поради својата големина, чантата е многу практична, а во неа може да се сместат многу работи. Исто така многу лесно се комбинира.
Многу познати дами веќе ја имаат во својот плакар, а една од нив е и младата српска инфлуенсерка Дуња Јованиќ.
Дуња се одлучи за целосно црна комбинација. Светло-црниот комплет, кој е тренд и ова лето, таа го усогласи со црни сандали. Црни очила го красеа нејзиниот аутфит, а модерната чанта дојде како шлаг на тортата, за да го комплетира овој лежерен стајлинг.
Покрај Дуња, чантата ја поседуваат и Анџелина Џоли, Хејли Бибер, Зои Кравиц, како и многу други познати дами.
Што мислите, дали вреди за парите?
Извор: stil.kurir.rs