Стил на неделата: Водителката и новинарка Алмедина Исмајли остава без здив во црно од глава до пети
Повеќе од 5 години ја гледаме на малите екраните и е дел од екипата на ТВ 21, но исто така таа е и една од најпознатите инфлуенсерки кај нас. Алмедина секогаш внимава на својот изглед и e дама која е стокмена и дотерана според приликата.
Така пред неколку дена за настан таа носеше црн фустан припиен за нејзиното тело со шлиц кој ја истакна нејзината фигура.
Моделот е класика, а познатата водителка целата комбинација ја заокружи со нежна шминка и кармин во црвена боја кој даде посебна нота на целокупниот изглед.
Изгледот на Алмедина може да го ископирате и вие и да заблескате на состанок, на вечерно излегување со пријателките или за друга пригода.
Фото: Инстаграм - Алмедина Исмајли
Можеби ќе ве интересира:
Пред огледало со Алмедина Исмајли: Килограмите не се важни ако се чувствуваме убаво во нашето тело