Развој од 13 до 24 месец: Што сѐ треба да прави детето во втората година

Периодот од првата до втората година на детето, можеби е највпечатлив во развојниот систем, сметаат експертите. Детето во овој период учи да оди самостојно, почнува да мокри во нокшир, и да јаде само со лажичка. Најголем напредок, за развојот во овој период, се забележува во 18 и 24 месец. Во осумнаесеттиот месец малите знаат да покажат делови од телото, да си играат, да им помагаат на возрасните, додека во 24 месец децата, покрај тоа што одат сами, не губат рамнотежа и знаат да одговорат на прашања, но и почнуваат да изразуваат чувства. Уште тогаш малечките сакаат да бидат во центарот на вниманието на своите најблиски и мама не ја делат со никој. Тогаш веќе зборуваат до 250 зборови. 
 - Кога станува збор за развој на говорот, веќе на 16 месеци очекуваме детето да користи четири или повеќе зборови, покрај зборот „мама“ и „тато“. Важно е да ги користи зборовите во насока на комуникација, а не само да ги повторува, да бара вода, да довикува некој и сл. Детето треба да разбере и извршува едноставни наредби како: „донеси ја јакната на мама“. На возраст од година и пол дена очекуваме детето да ги имитира возрасните и по нив да повторува работи и едноставни реченици. Често слушаме објаснување дека детето е мрзеливо или дека и родителите доцна прозборувале. Можеби тоа е вистина, но можно е ова доцнење да зборува за проблеми во развојот кои, ако на време не се воочат, додека мозокот на детето уште е „пластичен“, може да се избегнат сериозни проблеми и на детето да му се даде шанса за остварување на сите потенцијали – објаснува Ирена Коричанец, клинички психолог од Универзитетска детска клиника во регионот. Доколку не сте сигурни колку вашето дете напредува кога оваа вештина е во прашање, дрРадмина Косиќ, управничка на педијатрија од Домот за здравје „Звездара“, советува да го тестирате. 
 - Ако му ставите топка и коцка и му кажете донеси ја топката, дали вашето дете ќе ја донесе топката? Тоа е тест кој лесно се спроведува, а покажува јасно дали вашето дете разбира. Многу разговори со децата значат и рано прозборување. Со деца мора правилно да се зборува, тоа што детето има свој јазик, не значи дека родителите треба да повторуваат. Родителот треба да говори нормален говор, нормален тон, да му се обраќа со реченици кои ги користи во секојдневниот говор -советува таа. Ирена Коричанец вели дека со 15 месеци детето треба да оди само, а на година и пол да шутира топка. 
 - Не е важно само мало дете да прави движења, туку е важно какви се тие движења. Стереотипни движења без варијација се нешто што треба да се провери со експерти-објаснува Коричанец. Кога е во прашање проодувањето, дрКосиќ вели дека детето не треба да оди на сила. 
 - Детето треба да го пуштиме само да се исправи после деветтиот месец, а да прооди тогаш кога му е време. Рано поставување на нозе може да доведе до искривување на потколениците и деформитет на колковите бидејќи самиот зглоб на колкот и понатаму има ’рскавична структура-вели др Радмила. 


 Развој на детето во втората година, по месеци 
 13 месец-
Самостојно стои, прецизно фаќа ситни предмети и ги става во шише, се плаши од непознати луѓе 
 14 месец- Клекнува и станува, повеќе употребува една рака 
 15 месец-Самостојно оди, гради кула од три коцки, препознава ликови и предмети на фотографија, со глас изразува желби, препознава имиња и реагира на своето име
 16 месец-Трча во круг, користи шест зборови, знае да каже како се вика некој предмет 17 месец-Употребува фраза од два збора од типот на именки како „мама, топка“. 
 18 месец-Шутира топка, седи на столче, скока на двете нозе, се качува по скали држејќи се за рака, гради кула од пет коцки, имитирајќи влече прави линии на хартија, брзо препознава од каде доаѓа звук. Покажува око, глава, нос, става шолји на чинија кога им се покаже како, спојува именка и глагол „мама, дај“. Соблекува чевли и чорапи, откопчува дуксери, придржува чашка додека пие, јаде со лажичка, си игра со деца, покажува љубомора. 
 19 месец-Фрла предмети, листа книга страница по страница, вади ситни предмети, црта спирални линии. Знае повеќе фрази од типот именка-глагол. 
 20 месец-Трча, отвора врата, препознава до 12 фотографии 
 21 месец-Се симнува низ скали со држење на рака, знае да бара со зборови да јаде и пие, извршува налог кој бара две работи (донеси и затвори) 
 22 месец-Ужива во игри фрлање и фаќање, користи именки, глаголи и придавки. Знае повеќе едноставни фрази и реченици до три зборови. 
 23 месец-Го превртува јазикот, знае повеќе едноставни фрази 
 24 месец-Се качува по скали без придржување и крева предмет од под. Јаде чорбеста храна со лажичка, ја витка хартијата на половина, гради кула од шест коцки. Ја исправува свртената фотографија наопаку, само разгледува сликовница. Покажува пет делови на телото, издвојува еден предмет од купот. Одговара на прашања од типот „чија мајка е ова“, „како се викаш“. Употребува 200 до 250 зборови. Се соблекува, се закопчува. Воглавно не мокри  преку ноќ. Ужива во игри со борба и преметнување со врсници. Се јавува гордост и е изразена љубомората, чувствува емпатија, реагира на емоционален израз на возрасните.