Животна училница // Приказни
Стоматологот Ѓорѓиевски од Скопје бесплатно им ги поправа забите на луѓе од социјално ранливи категории
- 12 Септември, 2018
Не сме сите создадени да правиме големи работи, но затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов, тоа е девизата која јас ја следам во оваа хумана мисија и мислам дека ќе поттикнам и други да го направат истото, вели стоматологот Жикица Ѓорѓиевски за Слободен Печат кој бесплатно ги лекува забите на лица од социјално ранливи категории. Верувам, додава тој, дека секој во своите можности може да понуди надеж и искреност за овие социјално ранливи луѓе, кои заслужуваат подадена рака.
Тој со оваа хумана мисија почнал пред две години, после една случајна средба.