Стопанска банка а.д. Битола спонзор на познатиот фестивал на филмска камера ,,БРАЌА МАНАКИ’’ и други културни настани

Добивај вести на Viber

Стопанска банка а.д. Битола во изминатите неколку денови беше горд спонзор и поддржувач на еден од најзначајните културни настани во нашата земја и на меѓународно ниво - Интернационалниот фестивал на филмска камера ,,БРАЌА МАНАКИ’’.

Денеска, со завршувањето на 42-то издание на овој фестивал се заокружуваат неколку извонредни денови во кои Битола живееше во шармот на филмската уметност и магијата на врвните филмски остварувања. Со бројни, познати гости и посетители овој прв и најстар фестивал во светот, кој е посветен накреативностанакинематограферите, под мотото „И покрај сè“ умешно ја преслика страста која може да се доживее на големото платно.

Покрај овој значаен културен настан, Стопанска банка а.д. Битола во изминатиот период беше спонзор и на одбележување на 25годишнината од постоењето на групата ,,Фолтин’’ која одржа концерт на античкиот локалитет Хераклеја. Симболично, Хераклеја е истата локација на која пред 25 година оваа група ја започна својата успешна приказна која им донесе и светска слава.

Како центар на културните случувања овој месец, во Битола се одржа и манифестацијата ,,Битола отворен град’’ во организација на МКЦ- Битола. Јубилејно, по 20ти пат овој фестивал ги сплоти уметноста и музиката и понуди содржина за сите генерации. Стопанска банка а.д. Битола исто така беше поддржувач и на ова културно случување.

‘’Веруваме дека поддршката на културата, во сите нејзини аспекти и форми е клучна и движечка сила на сите општествени, позитивни промени. Стопанска банка а.д. Битола секогаш, со огромно задоволство изразува поддршка и е пријател на големи културни случувања кои потсетуваат и ги враќаат вредностите на кои сите понекогаш, поради времето во кое живееме, знаеме да заборавиме’’.

ПР објава