Стопивме еден тон за една година: Нутриционистката Марија работи по 14 часа на ден со индивидуална програма за слабеење за секоја жена

Добивај вести на Viber

Нутриционистката Марија Соколоска, Македонка која долги години живее во Лондон, вели дека работи по 14 часа на ден, за да им излезе во пресрет на своите клиентки, кои ја намалуваат тежината со нејзината индивидуалната програма за слабеење.

„Многу сум среќна и горда. За една година стопивме еден тон“, ни раскажа Марија. Таа во моментов има 30 клиентки кои слабеат со нејзината програма, кои таа ги нарекува пријателки. 

-На почетокот од пандемијата, во март и април, имав околу 5.000 жени. Секоја слабее на различен начин, според индвидуална програма, но за мене е важно дека намалуваат и во обем, по околу 10 сантиметри месечно, ни раскажа Марија. 

-Најважно ми е кога клиентката е задоволна и кога со моја поддшка ќе го изоди целиот пат. Тогаш, немам време да сум изморена и покрај тоа што понекогаш работам и по 14 часа на ден. Во секое време сум достапна за разговор и за поддршка за секоја од нив, додаде Соколоска. 

Таа е една од ретките консултанти за губење на тежина која на многу жени кои сакаат да ослабат, на почетокот од пандемијата им помагаше комплетно бесплатно со нејзината хит програма „Eat the Rainbow“.

Кочанчанката која 11 години живее во Лондон вели дека нејзината програма за слабеење, која стана вистински хит на социјалните мрежи, им дозволува на жените самите да ја изберат омилената храна. 

Таа само ги насочува во кое време и во кои количини да ја внесуваат. Пред да се договорат за начинот на исхрана, таа ги подготвува со подолг мотивирачки разговор во кој се запознаваат и ѝ раскажуваат која е нивната омилена храна.

Програмата за слабеење на Фејсбук, Марија ја започна за време на пандемијата со коронавирусот како шестнеделен предизвик. Во претходно интервју за Женски магазин, таа изјави дека проектот го продолжила од љубов и како поддршка на жените кои ја следат и ѝ веруваат.

-Уште една жена, 28 дена без рецепти, без хељда , просо, без наметната храна Здраствената состојба ѝ беше одлична. На првата консултација од 45 минути додека заедно го спремавме менито таа ми рече вака: „Како јас ќе ослабнам со оваа храна? Денеска 28 дена. 

-13 обем стомак 

-10 половина 

-10 под гради 

-8 килограми 

Со 5 оброци - прилагодени и на нејзиното семејство. Лесно е да слабееме со смути, просо, хељда, сејтан. Тоа е разликата. Оваа жена е медицинско лице, време за специјално приготвени оброци немаше, но имаше желба да ослабне!!! 

Расположена е да сподели искуство приватно. „Браво жено само напред“, напиша Марија неодамна за една своја клиентка. 

Марија е родена во Кочани. На 18 години заминала да студира во Бугарија и дипломирала на Факутетот за меѓународно право и дипломатија. 

-По завршувањеро на факултетот се преселивме во Скопје и таму работев со мојата мајка која има туристичка агенција. Во 2007 година се запознав со сопругот и се омажив во Прилеп каде што основав семејство, ја родив мојата ќерка. Бидејќи страдав од изгореници на моето тело, цел живот трагав по солуции да го решам пред сè физичкиот изглед , и така открив дека во Англија имаат метод кој ќе ми овозможи да го доведам телото во ред, и да можам пред сè да фукционирам, е дел од приказната на Марија која ја сподели за Женски магазин. 

Во 2009 година, таа со сопругот заминала во Лондон, каде што ги направила естетските корекции за кои одамна сонувала. Откако ја родила ќерката, нејзината телесна тежина значително се зголемила.

„Јас не можев веќе да фукционирам ни психички ни физички. Борбата со килограмите беше тешка и барав секаков начин да ги намалам. Одев по теретани, се консултирав со тренери, но сфатив дека храната е таа што е најважна при процесот на слабеење. Во 2014 година го започнав мојот прв курс. И тука почна сè. Кога почнав да студирам и да откривам каде е тајната на слабеењето, ме навлече, и така почнав чекор по чекор да учам сè додека во еден момент љубовта кон тоа ми стана професија. Не престанав да студирам и сè уште учам“, вели Марија за своите почетоци.

Марија во Лондон работи како нутриционист и специјалист за губење на телесна тежина кај жени, и вели дека иако е презефатена, се бори да најде време и индивидуално да им се посвети на своите клиенти. Во моментов, на Фејсбук ја следат повеќе од 15.000 луѓе. 

М.Џаровска