Струмичкиот градоначалник како Наполеон Бонапарта: Карневалот во Струмица од светски ранг

Добивај вести на Viber

Фото: Инстаграм

Околу 1.500 маскирани луѓе вчеравечер беа дел од 48-те групи кои продефилираа на интернационалната карневалска поворка на традиционалниот Струмички карневал.

Помеѓу локалните групи, на поворката учествуваа и странски гости од различни земји како Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Турција. Групите беа составени од најмалку 1 лице, а имаше и такви кои броеја над 100 учесници.


Карневалот официјално започна во средата (13 март), а е предвидено да трае до наредната среда (20 март). 


Покрај карневалската поворка, предвидени се бројни настани, како детски карневал, изложби, концерти, маскенбали и слично.

Карневалот има долгогодишна традиција, а бил споменат и од отоманскиот патописец Евлија Челебија уште во 1670 година.

Еве како изгледаше градоначалникот на Струмица- Костадин Костадинов, претворен во Наполеон Бонапарта: