СТУДИЈА ОТКРИ: Социјалната дистанца може да трае 18 месеци

Добивај вести на Viber

Социјалната дистанца можеби ќе треба да трае 18 месеци, откри студија од Велика Британија. 

Мерките за изолација во британската јавност за сузбивање на коронавирусот можеби ќе треба да се одржат 18 месеци, додека не е широко достапна вакцина за коронавирус, покажа студијата. Пандемијата на коронавирус, доведе до смрт на околу 250.000 луѓе, што ја натера владата да направи пресврт, пишува Форбс.

Во извештајот, објавен од Империал колеџ во понеделникот вечерта, се открива дека најефикасната стратегија за борба против пандемијата на коронавирус ќе биде една која е слична на онаа што ја донесоа кинеските власти, и ќе се бара целата популација на Велика Британија да практикува социјално дистанцирање, заедно со самоизолација од заразени случаи и карантин во домаќинството. 

Според извештајот, преземените мерки за сузбивање на вирусот ќе треба да се одржат се додека вакцината за коронавирус не стане широко достапна, можеби 18 месеци.

Што апелира генералниот директор на Светската здравтсвена организација до сите влади, прочитајте на Фактор