Студирала архитектура, зборува пет јазици: Која е Меланија Трамп?
Меланија Трамп (48), третата сопруга на американскиот претседател и мултимилијардер Доналд Трамп, секојдневно ги полни насловните страни и постојано изненадува со својата грациозна појава. Откако стана Прва дама на САД, многу работи научивме за неа, а ова се помалку познати детали од нејзината биографија кои можеби не сте ги знаеле.
- Моминското презиме на Меланија е Кнаус, родена во Југославија , Словенија, а на само 5 години прв пат прошетала по модната писта.
- Во светот на манекенството влегла со помош на мајка си која во далечната 1977 година имала своја модна линија, па малата Меланија била едно од заштитните лица.
- Меланија е втора жена во историјата на САД која станала прва дама а да не е по потекло од Америка.
- Таа е единствената прва дама која позирала гола
- Три години пред средбата со Доналд Трамп, Меланија позирала гола за француски машки магазини
- Првата дама на Америка својот сопруг го запознала на една модна ревија
- Таа средба била многу поразувачка за Доналд. И покрај неговите обиди да ја повика на состанок, Меланија одбила да му го даде својот тел.број.
- Прекинала студии по архитектура на Универзитетот во Љубљана за да му се посвети на моделингот.
- Европска слава стекнала и во Италија и во Франција, па само неколку години подоцна стана и сопственичка на една модна агенција.
- Според традицијата тајното име на првата дама мора да почнува со првата буква на тајното име на нејзиното сопруг
- Бидејќи тајното име на Доналд е Могул, убавата словенка го носи прекарот Муза
- Меланија покрај сестрата Инес, има полубрат од првиот брак на нејзиниот татко кој никогаш не го запознала.
- Венчаницата на Меланија чинела 200 000 долари, во прашање е модел на Диор кој го изработувале преку 1 000 часа
- Сите високи претставници на Холивуд биле дел од луксузната прослава
- Покрај мајчиниот Словенски, Меланија зборува и Англиски, Француски, Германски и Италијански. Се подразбира нејзиното познавање на Српско-Хрватски јазик.
- Меланија никогаш немала дадилка. И покрај гламурозниот начин на живот, таа била одличен родител. Сметала дека за растење на својот син Барон било важно да има соодветно родителско внимание и грижа. „Имам готвач и личен асистент и тоа е тоа“, изјавила при една прилика госпоѓа Трамп.