Супер рецепт за зимница: Кисели сецкани пиперки со лук

Добивај вести на Viber

Есента е пред прагот, па домаќинките веќе започнуваат со подготовка на зимници. 
Ви носиме супер рецепт за пиперки на малку поинаков начин, пробајте, нема да погрешите.

Состојки и количина:

меснати црвени пиперки 4 кг

лути пиперки 4 парчиња

лук 16 чешниња

сол по избор

вински оцет 250 мл

шеќер 100 гр

семе од синап 2 лажици

зрна црн бибер 1 лажичка


Како да се подготви:

Измијте ги пиперките, исечете ги на половина, исчистете ги од семиња и исечете ги на ленти. Излупете го лукот и исечете го на половина. Истурете ги пиперките во солена вода 4 минути, извадете ги и исцедете ги. Измешајте ги двата вида пиперки. Варете оцет, шеќер, кромид, семе од синап, бибер и 2 лажички сол во 250 мл вода, додадете пиперки и оставете да отстои 8 часа. Истурете го зеленчукот во тегли, и варете ја течноста уште малку и истурете ја врз пиперките. Изладете и затворете ги теглите.


извор:recepti.zena.blic.rs