Сушите облека во затворена просторија во зима: Не сте ни свесни колку е опасно

Добивај вести на Viber

Сушењето на облеката дома во текот на зимата е честа појава кај многу луѓе. Меѓутоа, експертите предупредуваат на негативните страни кои можат да бидат штетни за здравјето на домашните.

Имено, сушењето на облеката во затворена просторија го подигнува низвото на влага за 30%. Освен тоа, од вешот во мали количини се испуштаат и хемикалии од детергентите, кои според некои истражувања во себе имаат и канцерогени метарии.

Опасни габички и мувла

Влагата предизвикува создавање на над десет вида опасни габички и мувла, што доведува до бронхитис и проблеми со синусите.

Претходни истражувања покажаа дека луѓето кои живеат во просториите во кои се суши облека имаат чести главоболки и проблеми со дишењето.

Освен тоа, влагата ја спушта топлината во просторијата, па ни радијаторите не можат добро за загреат. 

Затоа, треба да ја сушите облеката на свеж воздух и така да ги спречите евентуалните здравствени проблеми.