Сузана Турунџиева со одлична поука за сите родители: Твоето дете не е виновно за твоите фрустрации...
Водителката, пејачка и писателка Сузана Турунџиева е жена која секогаш споделува корисни мудрости со своите следбеници на социјалните мрежи.
Имено таа овој пат напиша одлично т.н. писмо со поуки за сите родители. Го пренесуваме во целост:
Ако Бог те благословил да станеш родител, секогаш имај на ум дека:
- Твоето дете не е виновно за лошиот ден кој си го имал(а).
- Твоето дете не е виновно за твоите фрустрации или трауми од детство.
- Твоето дете не е виновно затоа што ти не си ги реализирал(а) соништата од детството.
- Твоето дете не е виновно за проблемите и несогласувањата со твојот партнер.
- Твоето дете не е виновно за твоите стравови, стресови и љубовни разочарувања.
- Твоето дете не е виновно затоа што дошло на овој свет по твоја одлука и избор, кој ти и само ти го имаш направено.
- Твоето дете дошло на овој свет за да те излечи и научи да сакаш на начин на кој не си ни замислил(а) дека можеш да сакаш.
- Твоето дете дошло на овој свет за да му даде смисла на твојот живот и да те научи да се носиш со сите потешкотии и да се бориш секојдневно, за да бидеш подобар, поуспешен и помудар од вчера.
Твоја должност и обврска е да му ја пружиш максимално твојата љубов, грижа, време и внимание, особено да ја активираш твојата ПРИСУТНОСТ, во секој ден од неговиот живот!