Свекрвата на Јелена Карлеуша во прегратка на пејачката: Глетка која ги воодушеви сите

Добивај вести на Viber

Свекрвата на Јелена Карлеуша е фотографирана во друштво на пејачката

Атина и Ника Тошиќ, ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, го прославија својот петнаесетти и четиринаесетти роденден. 

А, по тој повод нивните родители заборавија на сите несогласувања и заедно им приредија забава на своите наследнички.



На прославата покрај семејните пријатели и пријателите на славеничките беа присутни и членовите на семејството. А една од најдрагите гости беше мајката на Душко, Николета. 

Свекрвата на Јелена Карлеуша важи за жена која не сака јавно да се експонира, а не сакаше да дава изјави за медиумите, па беше одбиен одговор и на прашањето во какви односи е со пејачката.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)



Но, една фотографија која се појави на Инстаграм кажува повеќе од илјада зборови. На неа Јелена и Николета се прегрнати, а јасно е дека се во одлични односи.