Свесноста за хепатитис ниска: Минатата година во земјава регистрирани 141

Добивај вести на Viber

На 28 јули, се одбележува Светскиот ден на борбата против Хепатитисот, по тој повод денес преку низ јавни настани се подигнува свеста за вирусниот хепатитис. Токму по тој повод и министерството за здравство до јавноста се обрати преку соопштение во кое се наведуваат бројот на заболени т.е регистрирани лица со хепатитис кај нас за минатата 2019 година, како и мерките за заштита.

Во соопштението од МЗ се вели дека минатата 2019 година во нашата земја се регистрирани 91 заболен од Хепатит Б и 50 лица заболени од вирусниот Хепатит Ц.

Во нашата земја како превентивна мерка од 2004 година е воведена вакцина за Хепатит А и Хепатит Б, која ги опфаќа сите новородени деца, а дополнително ги опфаќа и ризичните групи како пациентите на дијализа и здравтсвените работници.

Ова заболување преставува воспаление на црниот дроб што доведува до негово оштетување. Повеќе информации за Хепатитисот прочитајте на Фактор.мк.