Актуелно // Insta вести
Светлана Црнокрак е горда мајка: Нејзината 24-годишна ќерка го облече фустанот кој таа го носела на 19 години (ФОТО)
Светлана и Мики Црнокрак, двојката која повеќе од две децении е во брак и успешно го води модното студио „Црнокрак" се родители на две ќерки - Моника и Нина.
Постарата ќерка, Моника дипломираше на Економскиот факултет и веќе тргна по стапките на своите родители, освојувајќи неколку титули за убавина. За неа многумина коментираат дека е копија на нејзината мајка.
А тоа го докажуваат често и фотографиите кои ги гледаме на социјалните мрежи.
Овој пат Светлана на Фејсбук, објави фотка од неа, но и од нејзината ќерка во ист фустан.
Фустанот кој таа го носела на 19 години, денес гордо го носи згодната Моника.
Погледнете, па проценете сами на која подобро ѝ стoи.
ФОТО: Фејсбук Светлана Црнкокрак