Ѝ ја „одрала“ кожата: Ова е мајката на Александра Јанева, убава како неа
Убава како неа
Најчесто децата си личаат на своите родители, но пејачката Александра Јанева буквално ѝ ја одрала кожата на мајка ѝ.
Таа на Инстаграм Стори сподели фотографија од мајка си и со тоа покажа колку тие две си личат.
Според описот на фотографијата мајка ѝ на Александра ја шминкал стилистот Драган Гоцев-Даци, пријател и личен стилист и на пејачката и ја подготвил за некоја прослава.
Двете, и мајка и ќерка имаат светол тен на кожа, исти облик
на очи и уста, а имаат и двете и светла боја на коса.
Едно е сигурно, Александра убавината ја наследила од својата мајка.
Инаку, Јанева во ноември минатата година се вери со својот партнер Иван. „ Се појави на право место, во право време. Јас и ти во нашето време за љубење“, напиша тогаш пејачката.
Летово, според изјавите на Александра се подготвува и нивната свадба. А неодмна на Инстаграм Стори пејчаката откри и дел од вежбањето на нивниот прв свадбен танц, за кој се подготвуваат со профеисоналец.
А неделава, следбениците и шановите на нејзината музика ги почасти со нова песна, насловена „Нашата песна“, која ја пее во дует со Тајзи.
Фото: Инстаграм - Александра Јанева
Р.Ж.М.
Александра Јанева со вереникот во Дубровник: Љубов и преубави пејсажи