Светот дозна за новото име на земјата: Тамара топ-тема во странските медиуми

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска денеска е топ-тема во медиумите ширум Европа, откако нашата земја постигна историски успех на синоќешниот евровизиски избор. Освен што англиското жири ни даде максимални 12 поени, во Велика Британија и медиумите на големо пишуваат за осмото место на Република Северна Македонија.

- Согласно договорот постигнат лани со Грција, на земјата којашто порано беше позната како Поранешна југословенска Република Македонија ѝ беше овозможено да си даде ново име - Северна Македонија, се наведува во текстот на „Би Би Си“.

 Дека нашата земја е големо изненадување на „Евросонг“ се согласија и грчките новинари. Не беше меѓу првите 10 на обложувачниците, но направи изненадување. Песната ја сметаа за аутсајдер, но се покажа дека има динамика, се дел од коментарите во соседната земја.

И медиумите во поранешните ју-републики пишуваа за нашиот историски успех на „Евровизија“. Судејќи по коментарите, многумина се согласија дека ние сме морални победници во Израел.