СВЕТОТ ОТВОРЕНО ЗБОРУВА ЗА ЉУБОВНИЦАТА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Дали богатата маркиза е виновна за исчзнувањето на Кејт

Добивај вести на Viber

Маркизата од Чолмондели, Сара Роуз, со години предизвикува восхит каде и да се појави, вклучително и на свадбата на принцот и принцезата од Велс. Сепак, бидејќи јавноста не ја видела Кејт Мидлтон од декември, почнаа да кружат различни шпекулации. Една од нив е дека токму богатата маркиза е причината за „исчезнувањето“ на принцезата, за која подолго време се зборува дека е љубовница на принцот Вилијам. Сега, има информации дека таа вчера била во автомобилот со Вилијам, а не Кејт.

Кејт последен пат беше видена во јавноста на Божиќ 2023 година, кога му се придружи на остатокот од кралското семејство на црковна служба.

Поранешната манекенка (39) работеше за конзервативниот пратеник Мајкл Гоув, но сега го води имотот на нејзиниот сопруг, Дејвид Роксавиџ, седми маркиз од Чолмондели.

Двојката има три деца - близнаците Александар и Оливер, кои имаат 15 години, и осумгодишната ќерка Ајрис. Семејството живее во Хоутон Хол во Норфолк. Маркизата ретко дава интервјуа, но ги отвори вратите на нејзиниот распространет имот со 106 соби минатиот април во The English Home, каде што рече дека и било потребно време да се навикне на импозантната околина.

Извор: faktor.mk