Светските диви може да ѝ позавидат и да учат од неа: Изгледот на Неда Украден на концертот во Белград ги воодушеви сите
Српската пејачка Неда Украден вчеравечер одржа концерт во Белград. Пејачката најголема поддршка добила од нејзините најблиски пријатели.
Членовите на семејството на Неда се појавиле во салата на МТС пред нејзиниот концерт, и не криеле колку се горди.
Јелена Билбија Миновиќ, ќерката на Украден, дошла со децата и сопругот Предраг и среќно позирале пред новинарите.
Тие се сместиле во првите редови како најголема поддршка на пејачката.
Украден кога се појавила пред новинарите била одлично расположена.
-Подготвена сум, едвај чекам да излезам на сцена! Пробата помина добро. Ќе пеам песни што не сум ги отпеала, имам богата кариера, па тешко е се да се пее. Многу сум среќна!, истакнала Неда.
Да потсетиме, Украден ќе пее пред белградската публика и на 24 март.
Својата соло кариера пејачката ја започна во раните 70-ти години на минатиот век, а зенитот на популарноста го доживеа во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Песната „Зора је“ се издвојува како нејзин најголем хит.
Концертот го отворила со песната „А где год био“, а публиката од самиот старт била на нозе, додека пејачката во свој стил цело време ја одржувала атмосферата.
На концертот се случиле два многу емотивни моменти. Имено, во еден момент на сцената се појавил внукот на пејачката Душан, кој го носи името на таткото на пејачката, кој и подарил огромен букет цвеќе од него и неговото семејство.
Меѓутоа, она што сите ги остави без зборови, а некои ги расплака е тоа што во еден момент на видео екранот зад пејачката се појави слика од нејзиниот татко Душан. Пејачката за нејзиниот татко ја запела песната која и ја напишала Марина Туцаковиќ „Ех, да сам тебе слушала“. Неда оваа песна никогаш ја нема пеено, се до вчеравечер.
Имено, Марина ѝ го напишала текстот на таа песна затоа што двете биле куќни пријателки и Марина знаела колку тешко ја поднесува Неда смртта на нејзиниот татко, како и неговата борба со болеста.
Фото: Инстаграм
Извор: Pulsonline.rs/ Pink.rs/