Таа е најмистериозната сопруга меѓу избраниците на Ватрените: Се венчаа двапати, убава е како модел, а популарноста не ја интересира
Сопругите на хрватските фудбалери се неспоредливи убавици, а една од нив претпочита да не се фотографира и не сака често да биде во центарот на вниманието
Хрватската фудбалска репрезентација повторно приреди сензација на Светското првенство во Катар откако го елиминира моќниот Бразил и со тоа се пласираше во полуфиналето.
Сопругите на хрватските фудбалери атрактивни и интересни за јавноста, а меѓу нив има многу убавици кои ретко се гледаат.
Една од нив хрватската јавност буквално само понекогаш ја гледа, а тоа е Анита Ловрен, сопругата на Дејан Ловрен, која често ја опишуваат како најмистериозната меѓу избраниците на Ватрените.
Откако одамна во Катар допатуваа Вања Модриќ, Изабел Ковачиќ, Јосипа Перишиќ, Ивана Вида, Хелена Ливаковиќ, Ирис Ливаја за да ги бодрат своите сопрузи, меѓу последните тивко дојде и Анита Ловрен за да го бодри сопругот во препознатливиот „коцкасти“ дрес.
Претходно јавноста последно ја виде сопругата на фудбалерот на руски „Зенит“ летово, на свадбата на Доминик и Хелена Ливаковиќ.
Дејан и Анита се запознале во 2005-та година, кога фудбалерот имал само 16 години.
Интересно е што Ловрен се венчаа двапати: прво правеа граѓанска венчавка во 2012-та година, а една година подоцна во црквата Богородица Реметска, по што приредија голема веселба во луксузен хотел, а гостите ги забавуваше поп-пејачот Јоле. Тогаш веќе ја имаа ќерката Елена, а во јуни 2015-та година го добија и синот Јосип.
- Ти благодарам Боже за сè. Денес се роди малото ангелче по име Јосип. Не знам веќе што да кажам, зборовите едноставно не се доволни. Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата сопруга Анита за сè. Ти си убава и храбра мајка, ова не е воопшто лесно и затоа ти симнувам капа на тебе и на другите жени – изјави тогаш Ловрен на социјалните мрежи.
Извор: glossy.espreso.co.rs