Ова е преубавата сопругата на голманот Ливаковиќ кој ѝ донесе победа на Хрватска: Дрес, фармерки и популарна чанта за топ навивачко издание
Ова е преубавата сопругата на голманот Ливаковиќ кој ѝ донесе победа на Хрватска: Дрес, фармерки и популарна чанта за топ навивачко издание
Хрватска вчера играше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство во Катар, каде на пенали ја победи Јапонија. Ѕвезда на натпреварот беше голманот Доминик Ливаковиќ, кој одбрана три пенали.
Од трибините за него навиваше сопругата, индустриската дизајнерка Хелена Ливаковиќ.
Хелена и Доминик Ливаковиќ се венчаа во јуни годинава во задарската катедрала „Света Стошија“, а невестата блесна во елегантен венчален фустан кој потврди дека едноставноста навистина може да привлече внимание.
Таа го привлече вниманието и на трибините во зелениот дрес на нејзиниот сопруг со број еден. Со дресот таа облече темно сини фармерки, а на рамо носеше популарна чанта од модната куќа „Ив Сен Лоран“.
Иако оваа година една од нивните најпосакувани чанти е макси моделот „Icare“, нивните помали модели веќе неколку сезони имаат многу обожавателки. Убавата Хелена го носи сивиот модел „Solferino“, во средна големина. Во описот на чантата стои дека е шик, безвременско парче.
Чантата е изработена од мека кожа и има плоча со препознатливото лого YSL. Цената на чантата е 3.200 долари.
Од профилот на Хелена на Инстаграм јасно се гледа дека популарната чанта сака да ја носи во разни комбинации.
Извор: zadovoljna.dnevnik.hr