Моден фокус // Трендови
Таа ги облече и светот полуде за нив: Предимензионалните панталони на Меган Маркл се совршени за секоја прилика
Штом Меган Маркл се појави во нив, веднаш се распродадоа!
Неодамна Меган Маркл беше гостинка кај Глорија Стејнем, амерканската активистка и новинарка, а овие дами зборуваа за важните социјални теми.
Меган веднаш го привлече вниманието со своето лежерно издание. Имено, одбра бели панталони со потписот на данската дизајнерка Анин Бинг, а истите ги искомбинира со бела маичка и сламено шеширче. За обувките изборот падна на црните сандали со потписот на Стела Мекартни.
Интересно е тоа што панталоните привлекоа најголемо внимание, бидејќи во прашање е модел кој може да се носи и на работа и за секојдневни прошетки, а со адекватно одбрани парчиња облека ќе прилегаат и за на некоја прослава.