Во вакво издание досега ја немаме видено: Меган Маркл во бохо стил

Добивај вести на Viber

Војвотката од Сасекс пленеше за време на своето последно појавување во јавноста. Стилот на Меган Маркл уште еднаш се покажа како непогрешлив, кога во бохо издание се појави на гостувањето кај познатата феминистка и активистка Глорија Стејнем.

За ова гостување Меган одбра широки бели панталони, кои ги искомбинира со едноставна бела маичка. Бохо изгледот го надополни со сламена шапка, како и со црни сандали со врвки, кои се апсолутен моден тренд ова лето.

View this post on Instagram

A post shared by Dress Like a Duchess (@dresslikeaduchess) on


Војвотката од Сасекс ја имаше пуштено својата коса и блескаше додека со Глорија зборуваше за темите, за кои во последно време и јавно го изнесува својот став.

Стилот на Меган Маркл зрачи со едноставност и елеганција, сепак некогашната актерка внимателно ги следи модните трендови. Тоа го покажа не само со совршено осмислените комбинации, туку и со изборот на модни детали.

Сепак, посебно внимание привлече фактот дека Меган сѐ почесто се појавува во бела облека, а судејќи според трендсетерките, белата боја е омилена оваа сезона.

Неодамна Меган носеше романтичен бел фустан од памучна чипка, која совршено одговараше на нејзиниот темен тен.

View this post on Instagram

A post shared by Meghan Markle  (@meghanmarkle_official) on


Може да ве интересира:

Конечно на своето: Меган Маркл после долго време се појави во краток шорц