Конечно на своето: Меган Маркл после долго време се појави во краток шорц

Добивај вести на Viber

Пред стартот на новата учебна година Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл помагаа во дистрибуција на училишен прибор, облека, средства за лична хигиена и други производи кои им се потребни на децата за безбеден почеток на училиште.

Актерката за прв пат по откажувањето на кралските должности во јавноста се појави во кратки шорцеви. Со овој нејзин избор на облека Маркл ги прекрши кралските протоколи. Односно им се врати нa опуштените и кежуал комбинации.


Меган за таа прилика одбрала кратки бермуди во војничка зелена боја, бела летна кошула и спортски бели патики. Одлична комбинација за топлите летни денови. Целиот изглед Меган го заокружила со заштитна маска во линии.

И принцот Хари одбрал сличен аутфит. Бела поло маичка, темно сиви бермуди, спортски сиви патики заштитна маска.

Славниот пар овој пат се потрудил да си одговара со аутфитите.

View this post on Instagram

A post shared by Baby2Baby (@baby2baby) on




Фото: Инстаграм

(ФОТО) Сега живее во луксуз: Ова е куќата во која Меган Маркл живеела како дете