Таа живееше 60 години после него, но никогаш не го преболе: „Романса каква што имавме јас и Хемфри сѐ уште не е напишана!“

Нивната романса не беше „љубов на прв поглед“. Таа го сметаше за „препотентно детиште“, тој ја сметаше за „кукла без талент“. Сепак, една средба беше доволна да се промени сето тоа... и да се создаде една од најубавите холивудски љубовни приказни на сите времиња.


Во 1942 година „Казабланка“ беше голем хит. Милиони Американци се собраа во кино да уживаат во романса во сенката на нацизмот, а меѓу нив имаше и група млади манекенки. И додека сите тајно беа вљубени во ликот на Рик, една од нив - седумнаесетгодишната Бети Џоан Парски не можеше да разбере зошто „има толкава врева“ за Хемфри Богарт, актер кој „нема никаква сексипилност, преценет е и препотентен“.

Она за што во тој момент не можела ни да сонува е дека само две години подоцна ќе има можност да му го каже тоа во лице!

До 1944 година, Бети Џоан Парски ќе стане исклучително баран модел, а потоа ќе добие шанса да се проба како актерка, иако под друго име - Лорен Бекол.

За славната манекенка беше организирано тест снимање и таа веднаш ја доби улога во адаптацијата на познатиот роман на Хемингвеј „To Have and Have Not“. Она што на почетокот не го знаеше е дека нејзиниот партнер во филмот ќе биде „несекалниот, преценет и препотентен актер“ Хемфри Богарт.

Работите да бидат уште полоши, Богарт не вложил многу напори да го промени својот имиџ откако ја запознал. Дошол на снимањето мамурен, нерасположен и уморен од тепачките во третиот, несреќен брак со актерката Мајо Мето, кој во тие денови се ближел кон својот конечен крај.

Папараците внимателно го следеа, а таблоидите многу пишуваа за разводот, неговата параноична љубомора, која е виновна за тоа и тешката форма на алкохолизам од која боледува Богарт.

Отворено непријателскиот однос на младата Лорен не помогнал за расположението на снимањето, па Богарт наводно за младата актерка изјавил дека е „кукла без талент“ и дека никогаш нема да успее во Холивуд.

И тогаш, се случи „филмски пресврт“!

Како што одминуваше времето на снимањето, Богарт падна на шармот на младата актерка, а Лорен исто така почна да се фаќа себеси како се почесто размислува за тој „нехаризматичен и досаден“ заводник.

Филмот „Да имаш и да немаш“ стана класика, а критиките беа особено поволни кон убавата Лорен, која според мнозинството создала „исклучително карактерен и секси лик“. Ниту искусниот Богарт не можеше да остане имун на страсната сцена во која Бекол славно изговара: „Знаеш да свиркаш? Не е тоа? Само спојте ги усните и дувајте“.

Откако ја снимил оваа сцена, Богарт и пришол на Бекол, страсно ја бакнал и отворено и дал до знаење дека е заљубен во неа.

Ниту неговиот проблем со алкохолот, ниту неговиот брак во агонија, ниту фактот дека таа имала само 19 години, а тој е цели 25 години постар од неа, не биле важни!

Истиот ден, парот излегол на вечера. По неа, Лорен му го напишала телефонскиот број на Хемфри на кутијата со кибрит. Богарт го чувал ова парче картон како спомен до својата смрт.

И - се друго е историја!

Колегите и пријателите се обидуваа на секој начин да и дадат до знаење на Лорен дека Богарт не е за неа. Зад себе веќе имаше три пропаднати бракови, 25 години постар, големи проблеми со алкохолот и важеше за непоправлив женкар.

Ништо од ова не и беше важно на Лорен.

- Само гледањето во него ме прави  нервозна. И кога ме фаќа за рака, чувствувам треперење во стомакот. Неговата рака е топла, заштитничка и полна со љубов. Првото нешто што ми вели на почетокот на денот е „Здраво, бејби“. Тој ми беше учител и ментор. Љубовта на мојот живот. Се сеќавам на секој збор што ми го кажа - рече таа еднаш.

Откако конечно се разведе од сопругата во 1945 година, Богарт веднаш организираше свадба со Лорен. И додека целиот свет го предвидуваше нивниот неминовен развод, тие останаа заедно „додека смртта не ги раздели“.

Имаа хармоничен брак и две деца, а страста што ја чувствуваа еден за друг се префрли на големото платно благодарение на филмовите во кои играа заедно, пишува порталот Vintagenews.

На крајот, нивната среќа ја прекина смртта. По 12 години брак, Хемфри Богарт почина во 1957 година. Лорен Бекол го надживеа речиси 60 години - почина во 2014 година. Непосредно пред нејзината смрт таа за медиумите изјави: „Романсата што ја имавме јас и Хемфри сè уште не е напишана“.


Фото:screenshot/youtube