Здравје // Диета
ТАЈНА НА НЕЈЗИНАТА ВИТКА ЛИНИЈА: Емина Јаховиќ покажа што пие секој ден
Пејачката Емина Јаховиќ важи за една од најзгодните жени на естрадата во регионот. Сепак, таа е една од ретките која покажува и како доаѓа до витката линија.
Кај неа не е се само работа на генетиката, туку и голем труд и работа, во теретана, но и кога е во прашање исхраната.
Емина покажала што е тоа што го користи секој ден, а што очигледно и помага да остане витка и здрава.
Во прашање е зелен чај.
Зелениот чај најмногу го користеле нашите дедовци и баби како лек против главоболка, стрес, кардиоваскуларни заболувања, рак и за висок холестерол. Покрај тоа, го зајакнува имунитетот и го забрзува метаболизмот.
Лицата кои овој чај го вовеле во секојдневната рутина, за 50% го спречиле растот на ќелиите на ракот. Тој е одличен антиоксидант.