Тајната на песната „11“ која ја изведува Марија Шерифовиќ: Има важна симболика за пејачката

Добивај вести на Viber

Како што објасни, многу важни настани се поврзани со овој број...

Пејачката Марија Шерифовиќ во 2017 година објави балада под назив „11“, а јавноста од првиот момент почна да се интересира каква тајна крие оваа песна и зошто носи токму таков назив.


Како што објасни пејачката во една прилика, најважните настани во нејзиниот живот се поврзани со бројот „11“, па оттука е и називот на песната.

„Тоа е датум кој многу пати ми се случи, а родена сум во ноември. 11 е мојот среќен број, а во животот многу убави работи ми се случувале и на некој начин имале врска со тој број“ - кажа Марија во една прилика.

Иако песната е од љубовен карактер, Шерифовиќ еднаш кажа дека таа песна не му е посветена на никој, туку дека зборува за неа.

„Најискрениот одговор би бил - на мене. Направив нешто за своја душа, како и за душите на сите оние кои во овој момент плачат за музиката повторно да биде она што беше“.

фото: Принтскрин / Инстаграм