Тамара емотивна за својот татко: За неговата музичка извонредност се пишувало и зборувало многу, но денеска по којзнае кој пат сум горда ќерка

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска горда на својот татко кој после 15 години повторно засвире на неговиот инструмент контрабас.

Инаку Велко Тодевски како професор по контрабас, доби своја монографија изработена од негова студентка.

Тамара објави фотографии од обраната на дипломскиот испит на Нора Бајрами, која ја изготви монографијата за Велко Тодевски.

„За мојот татко Велко и неговата музичка извонредност се пишувало и зборувало многу. Но, денеска по којзнае кој пат сум горда ќерка.Беше задоволство да се присуствува на одбраната на дипломскиот испит на Нора Бајрами, која подготви монографија за виртуозот на контрабасот - Велко Тодевски“, напиша Тамара.

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic)


На свеченоста на која студентите на Тодевски приредиле мини концерт за присутните, присутвувала Тамара со нејзните деца, ќерката Хана и синот Дарен.
„Денеска му дојдоа сите негови студенти, заедно свиреа и се потсетија на деновите минати на Факултетот за музички уметности. Тоа е најдобра потврда за неговата големина, почит и успешна педагошка дејност.Уште долго да те имаме и да нѐ правиш горди сите. Бескрајно те сакаме“, напиша во објавата Тамара.

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic)


Тијана не дојде на свеченоста, но затоа пак на својот татко му посвети емотивна зборови.

„Мојот татко е цар, над царевите. Ти честитам на промоцијата за твојата монографија која на магичен начин ја напиша прекрасната Нора Бајрами. Тато е цар, затоа што успеа да ги собере студентите од неговиот клас кои одамна дипломирале (некои од нив сега се професори на ФМУ) и свиреше со нив на мини концерт каде што сите присутни имаа привилегија со уживање да го следат неговото музицирање, но и приказната за креативноста на татко ми која трае повеќе од 50 години. Те сакам, тато. Јас сум горда ќерка. Благодарна сум на тебе и мама што сте ме научиле да ја живеам музиката со целото мое битие “, напиша Тијана.

Фото: Инстаграм