Тамара Тодевска и Викторија Лоба во Барби пинк настапија во Берово: Присутните уживаа во македонска музика

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска во Берово на Етно Фестивалот се појави во совршен костим кој „вреска“ елеганција и сексапил, додека Лоба се одлучи за футурустички долга тоалета, која беше на едно рамо со интересен детаљ од карнери.

Розевата боја има конотација на елеганција и милост, поетична романтика. Темно розевата боја е одраз на благодарност, таа е традиционален начин некому со помош на цвеќе да му кажете „Благодарам“. Можеби со изборот на боја двете пејачки сакале да изразат благодарност кон публиката, но исто така оваа боја во моментов е тренд број еден во светот, поради Барби манијата која го зафати светот по истоимениот филм кој имаше премиера пред неколку недели.

И двете дами направиле одличен избор на облека, а присутните на фестивалот уживаа во македонска музика.



Фото: Инстаграм - Тамара Тодевска / Викторија Лоба