Тамара ужива со љубовта во Мадрид: Страсни бакнежи и вкусна храна
Тамара Тодевска замина во Мадрид, Шпанија со нејзиниот партнер Лука. Покрај тоа што парот го очекува романтичен викенд во градот на страста, уметноста и музиката, Тамара ќе има работен ангажман во оваа земја.
Настапот на Тамара на Евровизија во 2019 година со песната „Proud“ широко и ги отвори вратите на пејачката за нови музички предизвици, но и песната одлично помина помеѓу евровизиските фанови.
Тамара ќе учествува на пред – забавата посветена на Евровизија. Станува збор за серија на специјални годишни настани кои се одржуваат во различни земји, каде некогашните учесници на Евровизија ги изведуваат своите песни во интимно опкружување.
„Здраво Мадрид. Едвај чекам да ја отпеам „Proud“ со вас утре. Поминаа 5 години, но сè уште ја шириме пораката на песната. Ви благодарам, дечки“, напиша Тамара на објавата на Инстаграм.
Настапот на Тамара е закажан за денес, 29-ти март.
Во меѓувреме додека е во очекување на настапот, Тамара ужива во љубовта, храната и Мадрид.
Фото: Инстаграм