Тања Кочовска и Предраг слават 28 години во брак: Ја преспаа годишнината
Актерката Тања Кочовска прослави годишнина од брак со нејзиниот колега Предраг Павловски
Имено двојката прославува 28 заеднички години, а Тања која е позната по својата духовитост на Фејсбук објави две фотографии на која и таа и сопругот спијат.
Дали тоа значи дека ја преспале годишнината, останува на нашата имагинација.
„Ние студиравме заедно, а тој имаше многу долга врска со една девојка, женичка, си излегувавме на исти места каде што излегуваа сите глумци во тоа време, и така се дружевме. Кога јас отидов во Театар за деца и младинци, и тој се вработи таму, и онака, на „здраво“ бевме- службено. Ниту јас го гледав како човек што ми се свиѓа, ниту тој мислел да ми се удавара, зашто ме гледал како некој кој е популарен во моментот, и сигурно мислел дека ме чека кола со шест врати и се забавувам со некој шеик. И кога почнаа да го загледуваат дел од женскиот персонал во Театарот за деца, така почнав и јас да го загледувам. Отидовме еден ден со секретарката и со Владимир Лазовски на ручек, тие си отидоа по некое време, јас и тој останавме. Цела ноќ се дружевме, и сабајле во пет часот тој мене ме побара за жена. Јас сум реков да, онака нели: Ајде, да. Мислев дека со дете тешко дека ќе можев да се омажам. Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме. И додека се решивме да се венчаме, пројде време, и дури кога отидовме во матично да закажеме, тој гледа и вели: Ти и првиот пат си била мажена на ист датум во истиот час. И почнавме да се смееме, не можевме да влеземе во матично од смеа. Така што, сèми е исто, само човекот е згрешен. 30 септември во 5 часот се венчав првиот пат, Први мај ми беше последна менструација со двете деца, сè, сè сèисто ми беше, само очигледно дека човекот сум го згрешила првиот пат“, ни раскажа Тања низ насмевка.“
Потоа објавија семејна фотографија која сигурно е од прославата по овој повод.