Тања Савиќ отпатува со вереникот: Пејачката не се дели од 11 години помладиот пилот, со слика од авион покажа како уживаат
Пејачката Тања Савиќ и нејзиниот вереник, пилотот Мухамед Бешиќ се неразделни, а беа во Цирих каде пејачката имаше настап
Имено, пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографија од авион, парот замина за Белград.
Тања имаше очила за сонце на лицето, а Мухамед не ја симна насмевката и нема сомнеж дека тие навистина уживаат во својата љубов.
Да потсетиме, Тања Савиќ веќе извесно време ужива во љубовта со помладиот партнер Мухамед Муки Бешиќ, кому наскоро ќе го каже судбоносното „да“.
Имено, како што се наведува, тие наголемо планираат венчавка во Лас Вегас, но наводно одлучиле засега никому да не кажуваат за своите планови.
- Тања едвај чека официјално да заврши разводот од Душан. Таа и Муки се договорија да се венчаат во една од капелите во Лас Вегас, познати по тоа што матичарот е облечен како Елвис Присли. Тој ден со нив ќе бидат само кумовите. Дури кога сѐ ќе заврши ќе ги известат родителите за сѐ - вели изворот за српски „Курир“, и продолжува:
- Тие двајца планираат и голема свадба на пролет или лето следната година во Србија. Се надеваат дека дотогаш сѐ ќе се искристализира и дека ќе го решат проблемот што го имаат со родителите поради разликата во годините и религијата. На Тања ѝ падна тешко кога нејзината мајка пред неколку дена јавно кажа дека е против нејзиниот брак и дека тоа не ѝ треба во животот бидејќи има две деца. Иако неколку пати демантираше и изјави дека нејзината мајка Живана никогаш не се огласила во медиумите, вистината не може да се сокрие, а сега на сите им е јасен ставот на нејзиното семејство за сѐ. Се труди да биде позитивна, но не ѝ е сеедно кога знае дека ја нема поддршката од оние што најмногу ги сака.
Извор: www.blic.rs