Тажна објава на ќерката на Мерима Његомир на годишнината од смртта на пејачката: Лежев до тебе и се обидував да нѐ разбудам и двете
Легендарната пејачка Мерима Његомир почина пред точно една година по краткото и тешко боледување.
Зад себе остави бројни хитови, три ќерки и син, а сега по овој повод на Инстаграм се огласи нејзината ќерка Љубица.
„Утрово се разбудив во времето кога ти пред една година замина... Никогаш нема да го заборавам тоа утро. Тој ден требаше да бидам цел ден со тебе во болница, но од сонот ме разбуди Мерима почина... Се сеќавам дека мислев дека сонувам... Толку многу почнав да се штипам за да се разбудам што имав модринки следните неколку денови... Не се разбудив. Тогаш се сетив дека ти еднаш ми кажа дека кога сонувам лошо да се обидам да вриснам и така сигурно ќе се разбудам“ - почна таа и додаде:
„Секако тогаш почнав да врескам, толку што ја разбудив целата зграда и што ме слушнаа и луѓето на улица... Потоа кога дојдов и лежев покрај тебе се обидував и двете да нѐ разбудам...
Мамо, изгледа дека уште не успеав да се разбудам, бидејќи и понатаму живеам во овој свет каде што тебе те нема. И понатаму е иста дупка во душата и понатаму исто боли. Те сакам, мајко моја, и чекам да се видиме еден ден кога ќе дојде моето време. 20.11.2021. Денот од кога повеќе ништо не е исто“ - напиша Љубица и расплака многумина.
фото: Принтскрин / Инстаграм