Култура // Настани
Театар Комедија ги одложува закажаните претстави во овој период
Во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување јавни настани до 6 март, и НУ Театар Комедија реши да ги одложи закажаните претстави во овој период.
За продолжување со редовниот репертоар и дополнителните термини за откажаните претстави, Театар Комедија дополнително ќе ја информира јавноста.
Во текот на денешниот ден беа откажани и Струмичкиот и Прилепскиот карневал.