Теодора Бјелица го остави бившиот на Северина пред свадба: Игор Којиќ се врати во вилата на родителите

Добивај вести на Viber

Поранешниот фудбалер Игор Којиќ и син на пејачот Драган Којиќ Кеба и убавата актерка неодамна раскинаа и оттогаш немаат никаков контакт. Никогаш не сакале да зборуваат за врската, како и за причините за раскинувањето, но според извор за медиумите, двајцата имале сосема различни интереси во животот и изненадувачки е како издржале толку долго заедно, пренесува српски Курир.

Според овој медиум, тие наводно закажале свадба за ноември, но по неколку дена дошло до пресврт.

Несогласувањата настанале кога почнале да ја организираат венчавката, не се договориле за многу работи, а Теодора сфатила дека нивниот брак не се движи во вистинска насока бидејќи нивните ставови не се поклопуваат.

Како што открива изворот на Стар, на Игор не му е грижа за одлуката на Теодора.

Тој наводно се иселил од семејната куќа поради неа, а сега се враќа кај родителите. Кога му рекол на Кеба дека нема да има свадба и дека Теодора му раскинала, прво бил во шок и помислил дека Игор се шегува со него.

Кеба наводно му рекол на синот дека е подобро сега да раскинале, наместо да се венчаат и дури тогаш да сфатат дека не се еден за друг.

На Кеба и Оља, наводно, од почетокот им пречело тоа што Теодора без проблем се соблекувала за одредени улоги, но тие го поддржале синот бидејќи виделе дека се заљубил.

-Со годините научив да не го торшам времето на односи кои не ми одговараат, изјави Бјелица по раскинувањето.


Фото:igorkojic/teodorabjelica/instagram