Теодора Џехферовиќ провокативно позира на јахта: Многумина сонуваат за неа, а таа го поминува времето со ова момче
Теодора одморот го поминува на море заедно со својот избраник
Младата музичка ѕвезда Теодора Џехверовиќ по три години врска раскина со кошаркарот Нино Челебиќ, а сега медиумите веќе со месеци пишуваат за нејзините нови љубовни врски.
Долго време се шпекулираше дека е во врска со Лука Вилдос, потоа приказната беше дека Матијас Лесор ѝ го украл срцето, а сега е откриена вистинската вистина.
Имено, се чини дека Теодора Џехверовиќ има слабост на кошаркарите, а е редовна на натпреварите и го користи својот Инстаграм профил за објави поврзани со спорт. Така таа позираше со еден кошаркар на одмор.
Како што пишуваат некои медиуми од Србија и Хрватска, после тоа Теодора среќата ја нашла покрај кошаркарот Матиќ Ребец кој има 28 години.
Приказните за нивната романса дополнително ги поттикнаа фотографиите од одморот, каде и двајцата уживаат на јахта. Да потсетиме, Теодора изминатите денови објави фотографии од момче чие лице го криеше, додека игра кошарка, а потоа во многу провокативно издание се сликаше како позира покрај теренот со кошарка во сите можни пози.
Извор: www.espreso.co.rs