Тешко на таа жена која ќе избере да се омажи за богат маж....

Венчавањето со богат маж и луксузниот живот воопшто не звучат ниту малку лошо, но има и друга страна на таквиот однос, за која ретко кој размислува додека не стане предоцна

Некои жени го гледаат излезот од своите проблеми во венчавањето со побогат човек од нив. Голема куќа и прекрасен поглед на градина полна со цвеќиња, приеми и вечери во скапи ресторани, гардероба од светски дизајнери, сето тоа е достижно со само еден потпис на матичар. Меѓутоа, доколку не е од вистинските причини и не станува збор за љубов, ваквиот однос е осуден на пропаст.

Психолозите и експертите за семејни односи наведуваат 3 причини зошто венчавањето за богат маж никогаш не завршува добро…

Не постојат искрени емоции

Доколку изборот на богат маж за животен сопатник ви го прави умот, а не се консултирате со емоциите при донесувањето на таа одлука, лошиот крај е неизбежен. Некои жени мислат дека ќе се вљубат со текот на времето, но вистината е дека во повеќето случаи, тоа не се случува. Времето минува, задоволството и фасцинираноста од парите проаѓа, а потоа жената се соочува со реалноста. Дури тогаш вистински го запознава човекот со кого живее. Потоа, следуваат животни преиспитувања дали тоа било добра одлука и премислувања дали да го напушти таквиот живот или да продолжи понатаму и да страда до крајот на животот. При изборот на партнер, емоциите се приоритет. Доколку нема љубов, парите нема да го надоместат тоа.

Нееднакви финансиски статуси и различни интереси

Ако за партнер изберете богат маж, треба да знаете дека својот живот и навики мора да ги приспособите на неговите. Оној што има повеќе пари, тој е подоминантен. Местата на кои тој излегува, луѓето со кои се дружи, ќе мора да се навикнете на сето тоа. Доколку на почетокот од врската не ви било пријатно во тие ситуации, најверојатно никогаш нема да се навикнете. Ако не сте од истата класа, тој секогаш ќе биде доминантен. Уште една важна работа за успешен љубовен однос се заедничките интереси. Доколку тоа недостига во врската, среќата никогаш нема да тропне на вашата врата. Размислете дали сте подготвени да се откажете од својот живот, пријатели и навики поради пари?

Лош секс

Добриот секс е клучот за секоја врска. Доколку не сте задоволни со него, мора да разберете на време дека тој нема да стане подобар со текот на годините. Така е како што е, тука промени нема. Лошиот сексуален живот и емоционалната неисполнетост водат кон депресија, огорченост и фрустрација. Не е се’ така како што се чини. Зад блескавите маски се кријат многу мрачни моменти. Парите никогаш не биле гаранција за среќа.

Извор: женскикутак.рс